Магазин

Ѕвездите од Х-фактор ќе настапат во Кратово овој Златниот викенд

Ѕвездите од Х-фактор ќе настапат во Кратово овој Златниот викенд

Златниот викенд во Кратово започнува денеска. На главната сцена ќе настапат Тајфата, по нив Љубојна, и јаготката на вечерната програма – ѕвездите од Х-фактор Даниел, Тамара и Маид. На сцената на базенот ќе настапат ДЈ Бабура, ДЈ Бранчез и ДЈ Боби.

image-c5bf937d2a7295d2319696ff05ba4e27ed27fdeec2c0b2f2fe55daa7e38289b4-V

Утре програмата на главната сцена, пред платото на Општина Кратово продолжува со настап на 6 европски состави, кои ќе настапат на Евроспкиот фестивал во Тамбура, а по нив ќе се претстави Составот Оџила од Србија.

На базенот пак, одговорен за забавата за најмладите е ДЈ Шорти Панчо.

Неделното попладне е резервирано за Златните славејчиња.

Во текот на саботното и неделното поладне на сцената пред Музејот свои настапи ќе имаат локални бендови и ДЈ.

Тамара, Маид и Доктори се фотографираа на патот кон Кратово каде што веќе на големо се подготвува фестивалскиот викенд.

 

20140620_115906