Магазин

„Звуци на Чаршијата“ по шести пат

„Звуци на Чаршијата“ по шести пат

Традиционално, по 6-ти пат и годинава од 22 до 26 септември ќе се одржи интернационалната, мултикултурна, мултиетничка манифестација „Звуци на Чаршијата“ на локација – Стара чаршија во Скопје. На истата ќе биде презентирана богата културно – уметничка и забавна програма – изложби, музика, концерти на рок групи, фолклорни друштва и други учесници од различни националности и етнички групи од Македонија и странство.

Целта на истата е оживување на оваа прекрасна локација од градот и меѓусебно запознавање  на различни  народи,  националности и етнички групи. Богатство е да се живее во мултиетничка држава со различни култури и обичаи. Колку повеќе се запознаваме, сите ние, со различните култури и обичаи, побогати сме и потолерантни едни кон други.

Интересот кај публиката за оваа манифестација од година на година расте се повеќе, што збори за оправданоста и потребата таа и во иднина традиционално да се одржува.