Звучни имиња и на годинешниот фестивал на електронска музика „Калабалак“ во Радовиш

Голем број диџеи, меѓу кои и ултра познатиот Том Тајгер (Tom Tyger), ќе настапат во сабота вечер на вториот по ред фестивал на електронска музика „Проект Калабалак“ што ќе се одржи на веќе познатата локација, на стрелиштето во Радовиш.

13833419_1052111921538421_738299308_o

Фестивалот е со почеток од 20 часот, а како главен гостин на Калабалак, директно од Франција, доаѓа ултра-познатиот диџеј и продуцент Том Тајгер (Tom Tyger) кој помеѓу своите колеги го ужива епитетот на еден од најперспективните диџеи во светот.

Публиката во Радовиш ќе ужива во 90-минутен сет со најголемите електро-хаус хитови, со кои тој полека но сигурно се пробива во светот на светските диџеи, a веќе ја има и подршката од најголемите имиња во музичката индустрија вклучувајќи ги Авичи, Мартин Гарикс, Аксел и Ингросо, Ники Ромеро.

Како специјален гостин ќе настапи Весс (Wess) од Хрватска кој се смета за најбрза растечка ѕвезда на Балканот со издадени траки на Протокол Рекордингс на Ники Ромеро и Фламинго Импринт на Феде Ле Гранда. За комплетно музичко шоу ќе се погрижат најдобрите диџеи од Македонија, Мирок, Тодороф, Галоски, Ненат Омен и Зоки Поки.

Големиот музички настан е проект на здружението на граѓани “Проект Калабалак” а целта е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.

Годинава се очекува поголем број на гости за разлика од минатата година, а Калабалак да доживее поголем публицитет, препознавање и квалитетни диџејски перформанси. Сите убави работи се случуваат повеќе од еднаш, особено ако вредат. Затоа во сабота бидете присутни за заеднички да ја подигнеме свеста кај младите за заедничко дружење, да споделиме многу позитивна енергија и да создадеме моменти вредни за паметење.

Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.