
Во четвртокот во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Утринските температури се движат од 0 до 8, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне до 12 степени.