„02 Иницијатива“ ги обвинуваат Богоев и Шилегов за сечата на дрва на територија на Карпош

Граѓанското активистичко движење „О2 Иницијатива“ во понеделникот во својата објава на социјалните мрежи ги обвини за скопскиот градоначалник Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, дека без решенија и несоодветно ги сечат на дрвјата на територијата на оваа скопска општина.

„Зелениот појас, дел од училишниот двор на „Братство“, оди крубан (ул. Гаврил Лесновски, Тафталиџе 2). Децениската маслинка се исече, што друго ако не „сува била“. Имаше исушени гранки, никој не ја одржуваше, но не беше исушена.

Самите работници си одлучуваат, нит Решение со нив, ништо.

Паркинг места се прават. Зошто кога на места на индивидуални куќи се градат згради, треба поголеми улици, паркинг места нема, па земи од јавното добро, зошто колите сега каде ќе си ги паркираат.

#УништеноСкопје

Општина Карпош Стефан Богоев Град Скопје Петре Шилегов“, се наведува во објавата.