1.190 нови случаи и 85 починати од Ковид-19 во Грција

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти  1.190 нови случаи на Ковид-19 и 85 починати, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со коронавирусот во земјата рече дека постојат одредени региони со лоша епидемиолошка слика, a надлежната комисија одржува состанок и ги разгледува податоците.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.870 смртни случаи и 127.557 заразени.