10 новозаболени од ковид-19 и двајца починати

Во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 16 оздравени пациенти и пријавени се две починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 7, во Прилеп, Тетово и Струга по 1. Регистрирани се 16 оздравени пациенти од: Тетово 10, Скопје и Гостивар по 2, Прилеп и Штип по 1. Пријавени се две починати лица од: Гостивар (67) и Тетово (62) починати во болнички услови.

Направени се 2.473 тестови преку: ИЈЗ 26, ЦЈЗ Скопје 21, ЦЈЗ Битола 0, ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 0, ЦЈЗ Куманово 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ „8 Септември“ 0, Институт за микробиологија 18, Жан Митрев 60, Авицена 58, Биотек 56, Систина 62, лабораторија Лаор 0, Синлаб 0, Ремедика 0, Плодност 0, Генеа 0, Никоб лаб 447, ВФВ Медикал 19, Ели Медика 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.662.

Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 300.

Дистрибуција по градови заболени (вкупно) активни случаи (вкупно) Скопје 68.811, активни 108, Куманово 8.913, активни 32, Прилеп 8.335, активни 7, Тетово 7.378, активни 87, Битола 6.311, активни 1, Велес 5.478, активни 4, Гостивар 5.204, активни 18, Кавадарци 5.156, активни 1, Охрид 5.025, активни 6, Штип 4.964, активни 3, Струмица 4.130, активни 5, Струга 2.986, активни 5, Кочани 2.796, активни 4, Кичево 2.607, активни 8, Гевгелија 2.196, Активни 1, Неготино 2.184, Активни 0, Свети Николе 1.526, активни 1, Ресен 1.234, активни 0, Крива Паланка 1.227, активни 0, Радовиш 1.162, активни 1, Берово 1.032, активни 0, Делчево 974, активни 1, Дебар 949, активни 7, Виница 886, активни 0, Пробиштип 789, активни 0, Валандово 667, активни 0, Богданци 494, активни 0, Крушево 490, активни 0, Демир Хисар 400, активни 0, Демир Капија 396, активни 0, Кратово 377, активни 0, Македонски Брод 359, активни 0
Пехчево 269, активни 0, Македонска Каменица 249, активни 0, Дојран 132, активни 0.