100 симболични гроба на Копакабана како протест против владината политика за Kовид-19

о знак на протест против погрешната политика на власта во справувањето со епидемијата со кови-19 на најпознатата бразилска плажа Копакабана во Рио де Жанеиро се појавија симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил.

Пред легендарниот хотел „Копакабана палас“ во песокот се ископани 10 реда дупки со по 10 гроба (вкупно 100), и пред секоја е поставен црн крст со бразилското знаме.

„Ова е протест против низата грешки што ги направи федералната влада во справувањето со хуманитарната криза во Бразил“, објави невладината организација Рио де Паз на Твитер, чија основна активност е борба против насилството во градот.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро, според активистите, – во неколку наврати намерно го минимизирал нивото на пандемијата нарекувајќи ја „ковид-19 грип“.

Негови приврзаници, пак, веднаш по поставувањето на симболичните гробови почнаа да ги уриваат.

Бразил е најтешко погодената земја од ковид-19 во Јужна Америка, и е на второто место во свет со повеќе од 800 000 заболени и 40 000 починати од вкупно 210 милиони жители.