105-годишна баба освоjува златни медали во спринт на 100 метри

Рамбаи има 105 години но својата кариера како атлетичарка ја започна дури минатата 2021 година и нема намера наскоро да се повлече, откако веќе освои низа златни медали на локални натпреварувања.

Со трчањето почнала да се занимава во северната индиска сојузна држава Харјана во својата возрасна категорија и често е единствената натпреварувачка, но тоа воопшто не ѝ пречи.

Да се учествува е поважно отколку да се освои медал, појаснува Рамбаи и не се осврнува на повиците од нејзиното семејство „да се скраси“.

Тврди дека тоа нема толку скоро да се случи, бидејќи дури неодамна го открила трчањето зашто не знаела дека постојат категории за постарите возрасни групи.

Учествувала во трката на 100 метри во Вадодара во сојузната држава Гуџарат и патеката ја минала за 45,40 секунди. Златен медал освоила на 19-ти јуни на трката на 200 метри со резултат од 52,17 секунди, пренесува BBC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.