11 прекршувања на полицискиот час, 171 санкција за неносење маска

Од 00.00 часот до 04.00 часот (29.05.2021) констатирано е дека единаесет лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (28/29.05.2021) пак, на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 171 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.