11 стебла марихуана пронајдени во двор на гостиварец

Откриени се вкупно 147 стебла марихуана

Саксија со марихуана и 11 стебла од растението биле пронајдени вчера при претрес во домот и дворното место на Д.С. (34) од Гостивар.

Истите се подигнати од страна на екипа од крим-техника и се одземени со Потврда за привремено одземни предмети.

Д.С. е уапсен и приведен во полициската станица Гостивар.

По целосно документирање на настанот, против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.