13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 3О јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 2О индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 2О ученици од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 3О години а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 7О земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.ООО дела од кои 84О ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.

Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2О23 година а ова се финалните резултати.

Од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 3ОО до 1ОО дела од 7О држави и тоа:

Фросина Полизовска [ 9 години ] – Меланија Кондовска [ 14 години ] – Велерија Костовска [ 16 години ] која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска [ 18 години ].

Награди добија и учениците Никола Тасевски [ 1O години ] и Јана Талеска [ 1О години ] како и учениците Анастасија Наумчевска [ 14 години ] – Сара Наумовска [ 14 години ] – Ана Полизовска [ 14 години ] – Леа Стерјев [ 14 години ] – Марија Јанкуловска [ 15 години  ] Сирма Спиркоска [ 15 години ] и Андреа Ресановиќ [ 15 години .]

Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.

Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура на Северна Македонија за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Северна Македонија за што посебно Признание добива студиото и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Патувањето на претставници од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.