14 години од нападот на полициските Алфи кај ПМФ

26 ноември во 2008 година е датумот кој припадниците на полициската единица „Алфи“ ќе го паметат засекогаш, но не по добро.

Во вооружен напад кај ПМФ, на тој ден пред 14 години животот го загуби еден припадник на единицата, а двајца беа тешко повредени.

Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор за случајот.

Во јануари годинава како последница од мозочен удар во затворот Идризово почина 52 годишниот Ќерими. Бил пронајден без свест во затворската бања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.