14 полицајци од ПС „Петровец“ ставени во домашна изолација

Вкупно 14 полицајци од станицата во Петровец се во домашна изолација откако е утврдено дека дел од нив веројатно имале контакт со лица позитивни на ковид-19, дознава Алсат.

Според информациите што ги добивме 7-мина од полицајците се со висок ризик за инфекција, додека другите седум се со среден ризик.

Дополнително, дознаваме дека од сообраќајната полиција има уште 2 позитивни на коронавирус, со што вкупната бројка заразени во овој сектор на полицијата изнесува 5 лица.