Со 140 нови градинки ќе се обезбеди згрижување на 18.000 деца

100 ќе бидат комплетно нови градби, додека пак 40 ќе се отворат во веќе постоечки државни објекти, кои ќе бидат соодветно реновирани и адаптирани. Проектот, како што појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кога го презентираше проектот, е дека според проекциите истиот ќе чини околу 25 милиони евра.

-Изминатиот период бевме посветени на реализација на проекти и мерки за отворање на нови детски градинки. Градинките кои ги отворивме изминатиот период или вкупно 52 градинки, влијаеја значително да се опфати бројот на деца од предучилишна возраст во детските градинки.  Ако во периодот од 2006 година затекнавме состојба на опфат на децата од предучилишна возраст на само околу 9%, или пак на децата од 3-6 години опфат од околу 12% веќе денеска ситуацијата е многу поинаква и имаме опфат на децата до предучилишна возраст од вкупно 26% а на оние од 3-6 години на околу 40%, појасни денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Спасов подвлече дека токму досегашните реализирани проекти и мерки се гаранција и потврда дека она што го ветуваат ќе биде реализирано.

-Мега проектот за реализација на 140 нови градинки во голем број општини во Македонија ќе биде реализиран бидејќи со овој проект се решава едно значајно прашање, еден децениски проблем и целоно ќе се намалат листите на чекање за згрижување на децата од предучилишна возраст,. Ќе биде решен проблемот на родителите, ќе биде создаден нов капацитет за згрижување на 18.000 деца, рече тој.

Со ова капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст ќе биде зголемен на околу 40%.

Само оваа година се отворени 9 нови градинки и се очекува до крајот на годината да се отворат и дополнително 6 нови градинки