
Од трите телефонски оператори 070/075/077 за донации на Црвениот крст наменети за поплавените во Србија и Босна и Херцеговина, заклучно со денеска, собрани се 143.370 евра.
Црвениот крст на Македонија вчера од магацинот во Момин поток го испрати првиот конвој на хуманитарна помош од 5 шлепери со околу 100 тона – во вредност од 2.675.950 денари или 43.511 евра за настраданото население од поплавите во Србија. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Република Србија во РМ. На 20.05.2014 од магацинот во Момин поток тргнаа 4 шлепери помош околу 80 тона – во вредност од 1.503.443 денари или 24.446 евра за настраданото население во Босна и Херцеговина. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Босна и Херцеговина.
Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 50 тони храна, 25 тони хигиена, 2000 ќебиња, 5 тони млеко, 80 000 литри вода, 2 тона бебешка храна, 2000 пара обувки, 20 тона употребувана облека, други намирници и останата материјална помош.
.