144 казни за брзо возење на автопатoт Скопје-Куманово и патот Арачиново-Куманово

Во текот на вчерашниот ден (29.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.