15 години од бомбардирањето на РТС

На 23 април 1999 година, во два часот по поплноќ, НАТО ја бомбардираше зградата на РТС во центарот на Белград, при што загинаа 16 работници. И по 15 години нема одговор зошто се случи тоа.

Здружението на новинари на Србија нагласува дека „се’ уште не е спроведена целосна истрага за овој воен злостор“. Со бомбардирањето на РТС воспоставена е пракса на употреба на воена сила против медиумите во меѓународните конкфликти, и покрај тоа што тие се цивилни објекти и не смеат да бидат сметани за воена цел.

ЗНС истакнува дека сите значајни глобални организации за заштита на човековите права го осудиле убивањето цивили во РС, а Амнести интернешнал, овој напад го  сфаќа како воен злостор.

Ова здружение го прозвало Министерството за одбрана и Военобезбедносната агенција да и овозможат на Комисијата која го истражува убиството на новинарите достапност до сите битни факти за утврдување на одговорноста за овој тежок злостор.

Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“, во 2000 година сопштила дека немало никакво оправдување за бомбардирањето на телевизиската зграда.

Челниците на НАТО тврделе дека нападот бил оправдан изнесувајќи контрадикторни објаснувања. Специјалната комисија на Хашкиот трибунал, која го испитувала и случајот на бомбардирање на РТС, не му  предложила на обвинителството во Хаг да покрене кривична постапка.