150 ученици од Штип и Кочани не се вратија во училиште, заминале во странство

Над 80 ученици од штипските средни и основни училишта денес не тргнаа на училиште поради тоа што со своите семејства заминале во странство, пишува Алфа Тв. Најалармантна е состојбата во основните училишта. Во училиштето Димитар Влахов од септември до декември исписница побарале триесет ученика.

„Во средините општински училишта имаме испишано 12 ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е повеќе загрижувачка. Таму имаме 69 испишан ученика, односно за нив е побарано исписници„-изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Негативниот тренд забележан е и во Кочани. Бројот на ученици од прво во второ полугодие само по основ заминување во странство е намален за 63. И таму најголем процент се основци.

Иселувањето , но и белата чума си го направи своето. Годинава во Кочани првото бебе се роди на тринаесетиот ден во годината, а според последниот попис за две декади од државата ни се се иселиле околу 200 илјади граѓани.