Турската Влада отпушти уште 500 полицајци

Турската Влада денеска продолжија со големата чистка во полицијата, што започна пред повеќе од еден месец како одговор на започната полициска истрага за корупција, отпуштајќи или прераспоредувајќи на други работни места уште околу 500 полициски службеници во Анкара.

Со денешната чистка се опфатени активни полициски службеници и началници.

Според статистиката на турскиот печат околу 6.000 полицајци, од кои речиси 2.000 во Анкара, се отпуштени од работа или прераспоредени на други работни места од започнувањето на антикорупциската акција кон средината на декември, во рамки на која полицијата упаси десетици лица, блиски до Владата.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и натаму за антикорупциската истрага ги обвинува поранешниот сојузник, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, тврдејќи дека неговото движење инволвирало свои луѓе во полицијата и судството со цел да ја дестабилизира Владата пред локалните избори во март и претседателските во август.

Освен полицијата и судството и обвинителството се подложно на голема чистка со отстранување од должност или прераспоредување на други работни места на стотици судии и јавни обвинители.