16 починати и 25 новозаболени од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 408 оздравени пациенти и 16 починати, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 15, четворица во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница.

Регистрирани се 408 оздравени пациенти од Скопје – 160, Прилеп – 38, Струмица – 30, Битола – 28, Охрид – 25, Куманово – 15, Штип и Струга – по 13, Велес, Кавадарци и Кочани – по 9, Свети Николе – 8, Виница – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово, Гостивар и Дојран – по 4, Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 3, Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево –по 2, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: шест од Скопје (61г, 65г,71г,74г,76г и 80г), две лица од Тетово (69г и 82г) и по едно починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).

Од пријавените, 2 се починати во домашни услови, а останатите 14 лица се починати во болнички услови.

Направени се 1.016 тестови преку: ИЈЗ-146, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-42, Жан Митрев (Филип Втори)-223, Авицена-0, Биотек-123, Систина-166, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 220.

Досега во земјата се направени вкупно 741.021 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67.981, активни 4.906, Куманово 8.719, активни 866, Прилеп 8.243, активни 412, Тетово 7.170, активни 436, Битола 6.229, активни 672, Велес 5.446, активни 362, Гостивар 5.144, активни 275, Кавадарци 5.136, активни 212, Охрид 4.961, активни 374, Штип 4.937, активни 224, Струмица 4.078, активни 186, Струга 2.963, активни 124, Кочани 2.756, активни 136, Кичево 2.514, активни 229, Гевгелија 2.186, активни 158, Неготино 2.173, активни 128, Свети Николе 1.513, активни 91, Ресен 1.224, активни 176, Крива Паланка 1.216, активни 43, Радовиш 1.114, активни 87, Берово 1.025, активни 26, Делчево 960, активни 67, Дебар 935, активни 22, Виница 858, активни 112, Пробиштип 783, активни 22, Валандово 664, активни 16, Богданци 493, активни 35, Крушево 490, активни 71, Демир Капија 396, активни 15, Демир Хисар 394, активни 56, Кратово 358, активни 6, Македонски Брод 356, активни 1, Пехчево 265, активни 10, Македонска Каменица 239, активни 16 и Дојран 132, активни 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.