17 лица починаа и 123 новозаболени од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирни се 123 новозаболени на ковид-19. Регистрирани се 3803 оздравени пациенти и пријавени се вкупно 17 починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во во Скопје се 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 3.803 оздравени пациенти од кои од Скопје се 2.109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.

Од вкупниот број на оздравени, 3.564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ.

Пријавени се вкупно 17 починати лица: Тројца од Куманово (53, 61 и 82), по две починати лица од Скопје (75 и 78), Тетово (68 и 85), Битола (62 и 94) и Кочани (54 и 71) и по едно починато лице од Прилеп (68), Гостивар (72), Охрид (78), Струмица (77), Радовиш (73) и Виница (61). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Направени се 2.598 тестови преку: ИЈЗ-378, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-10, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–155, МАНУ-107, Жан Митрев-107, Авицена-175, Биотек-430, Систина-160, Лаор-234, Синлаб-111, Ремедика-99, Плодност–26, Генеа–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 472.

Досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68.165, активни 2.650, Куманово 8.759, активни 547, Прилеп 8.255, активни 307, Тетово 7.183, активни 244, Битола 6.257, активни 446, Велес 5.458, активни 185, Гостивар 5.154, активни 136, Кавадарци 5.141, активни 103, Охрид 4.974, активни 290, Штип 4.951, активни 146, Струмица 4.092, активни 146, Струга 2.969, активни 106, Кочани 2.768, активни 95, Кичево 2.526, активни 159, Гевгелија 2.189, активни 67, Неготино 2.177, активни 52, Свети Николе 1.517, активни 68, Ресен 1.233, активни 100, Крива Паланка 1.217, активни 23, Радовиш 1.129, активни 64, Берово 1.026, активни 16, Делчево 964, активни 46, Дебар 938, активни 10, Виница 870, активни 95, Пробиштип 785, активни 17, Валандово 664, активни 12, Богданци 493, активни 18, Крушево 488, активни 34, Демир Хисар 396, активни 37, Демир Капија 396, активни 5, Кратово 363, активни 11, Македонски Брод 356, активни 1, Пехчево 266, активни 4, Македонска Каменица 243, активни 17 и Дојран 132, активни 0.