17 загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Седумнаесет лица загинаа во рок од два дена во три одвоени инциденти со истекување гас во Алжир, јави денеска телевизијата „Алгхад“.

– Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви сериозни несреќи во кои има жртви од сите возрасти, рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд.

Тој изрази надеж дека граѓаните ќе ги земат предвид упатствата за спречување на опасност од задушување со гас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.