18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза

Фејсбук објава на Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, се уште не го добил лекот.

Проблемот како што кажува владата се 20 милиони евра кои се потребни за овој лек. Не се работи за недостиг на пари, туку за недостиг на способност и волја да се помогне.

Пари има. Само 18 милиони евра владата изгуби, и потроши на пропадната евро обврзница и тука се работеше за борбата на суети на министерот за правда кој го разрешија, и премиерот кој беше подготвен да пропаднат 18 милиони евра само да нема повредена суета.

Но таквата нивна лична игранка не го решава проблемот на Игор кој и понатаму нема добиено лек. 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза. Ете толку се неспособни, алчни и криминални.