Четириесет години затвор за убиецот од Кавадарци

Четириесет години затвор за убиецот од Кавадарци
Четириесет години затвор за убиецот од Кавадарци

Тони Станоев од Кавадарци, кој на 9 ноември минатата година со пиштол ги уби мајката, таткото и сестрата на неговата сопруга, доби казна затвор од 40 години. Обвинителството во судсиот процес бараше доживотна казна затвор за Станоев, а според адвокакот на семејството, одлуката ќе биде обжалена.

По извршеното убиство тој беше во бегство, но полицијата го упаси два дена подоцна на гробиштата во Кавадарци.

Поранешната сопруга на Станоев, незадоволна од одлуката, револтирано го напушти судот, бидејќи смета дека Станоев по 10 години ќе излезе од затвор и ќе шета како слободен човек.

 

Фото: Канал 5