Скандалозното работење на Ременски од старт ја делегитимира политички

Излегуваат на површина се повеќе докази и документи за незаконското однесување и грубиот обид за партизација на институциите од страна  на техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Брзоплестоста, некадарноста, но пред се ароганцијата и кодот за партизирање на се и сешто кој што постои во СДСМ се главната причина за ваквото тотално погрешно однесување на техничката министерка која барем досега не важеше за партиски апаратчик, или пак барем успешно се камуфлираше, пишува „Курир“.

Првиот чекор по влегувањето на привремената министерка за труд во министерството беше давањето наредба за промовирање на Мила Царовска, партиската претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во главен цензор во институцијата, иако Царовска воопшто не е вработена во Труд и социјала што го прави овој мега скандал уште поголем но и отвора сериозен сомнеж во капацитетот на Ременски и на дело ги демаскира задкулисните мотиви и аспирации на СДСМ за тотална партизација на секој орган.

По наредба на Ременски, лица од не