19-годишник со „пунто“ прегази двајца пешаци во Скопје

Двајца пешаци се повредени во Скопје откако во нив удрило возило марка „фиат пунто“ управувано од 19-годишно лице.

Како што соопшти денеска МВР, двајцата пешаци А.Ш. (44) и Х.Ш. (18) со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана лекарска помош. Потешко повреден е А.Ш, а со телесни повреди се здобила Х.Ш.

Несреќата се случила синоќа во 22:55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“. Возилото било управувано од И.Б.(19) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.