Здружението за цистична фиброза денеска во Меморијалниот центар „Никола Кљусев“ ќе го одбележи Европскиот ден на цистична фиброза.
– Целта на настанот е упатување апел до институциите за препознавање на цистичната фиброза како ретка мултисистемска и животозагрозувачка болест, подобрување на постоечкиот медицински третман, обезбедување соодветни болнички услови за лекување и потребни медицински помагала, како и добивање пакет на социјални олеснувања со што на овие деца и млади индивидуи ќе им се овозможи подолг и подостоинствен живот во нашата земја, соопшти Здружението.
Настанот ќе го отвори Снежана Бојчин, претседател на Здруженито за цистична фиброза.