Мигрант се заканувал со самоубиство на македонско-грчката граница

Мигрантите очекуваат дека ќе ја поминат македонската граница. Тие вчера цел ден скандираa со плакати и со крстот кој го направија од даски, повикувајќи ја Меркел да им дозволи да живеат слободен живот.

Пред транзитниот центар пак стојат редици на бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак и палат огнови од дрвцата кои ги кршат од околните ниви да се стоплат додека чекаат регистрација.

Во текот на вчерашниот ден било тензично на грчката страна. Еден од мигрантите се заканил дека ќе се самоубие доколку не му биде дозволено да транзитира низ овој простор.

ФОТО: Ѓ. Личовски – Република