„Дејли стар“: Во БиХ се перат парите за финансирање на џихадистите

Парите кои се собираат во џамиите во Велика Британија се користат за финансирање на терористите од Исламската Држава, а перењето на тие пари се врши преу сметка во Босна и Херцеговина, наведува британскиот „Дејли стар“.

„Дејли стар“ во неделата објави дека е многу лесно да се разоткријат сомнителните фиансиски текови преку социјалните мрежи.

На новинарот на овој весник, преку чет му е кажано дека донираните пари преку БиХ се испраќаат на милитантите во Блискиот исток.  За донацијата, наводно, се контактирал извесен Исо Амрики кој на социјалните мрежи се претстваува под името „HoneyNtea” и „Wolf Raised”.

Кога тој го направил тоа, Амрики му кажал дека многу пари за ИД се собираат во џамиите во Велика Британија.

Тој му дал и совет уплатите да се вршат директно преку мрежата за трансфер на пари „Moneygram“ во БиХ „бидејќи тоа е најсигурен начин“, пишува „Дејли стар“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.