Попоски: Обезбедувањето на границата е наше право, но и наша обврска

Република Македонија ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги употреби сите ресурси за заштита на границата и спречување неконтролирани премини на мигрантите, кои ќе ги насочува кон точки каде можат да бидат регистрирани. Ќе овозможи помош и премин за сите мигранти од земји од воени зони, кои транзитираат низ земјава и можат да бидат примени во земјите членки на ЕУ, како нивна крајна цел. За овие лица може да обезбеди определени капацитети за ограничен престој. Мигранти од економска природа нема да се пропуштаат, ниту, пак, Македонија може да ги згрижува на своја територија.

Ова е ставот кој министерот за надворешни работи Никола Попоски им го пренел и на амбасадорите во земјава со кои денеска одржа состанок во Министерството за надворешни работи.

Македонија не може да ги отвори вратите за престој на тие кои не можат да бидат згрижени во ЕУ, пред се заради тоа што не доаѓаат да престојуваат во Македонија, туку имаат определена цел да стасаат до некоја земја членка на ЕУ, а второ, што е уште позначајно, во Македонија доаѓаат од земја членка на ЕУ, изјави по средбата Попоски.

Појасни дека…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.