Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ги повика лидерите на Европската унија да го спасат „шенгенскиот систем“, кој е загрозен поради заканата од терористички напади и големиот бран на бегаллци.
Безвизниот систем во 30 евроски земји, познат како „шенгенски систем“, во последните месеци е доведен во опасност, поради затворањето на границите, засилување на безбедносните мерки и подигнување ограда на границите.
Јункер им порача на пратениците во Европскиот парламент: „ Потребно ни е оние кои веруваат во Европа, во нејзините вредности, принципи и слобода, да го оживеат духот на Шенген“.
Тој додава дека единствената валута нема да има смисла доколку шенген зоната пропадне.
Претседателот на ЕК истакна дека не треба да се мешаат екстремистите и бегалците и додал дека многу мигранти бегаат токму од тие луѓе кои го изведоа терористичкиот напад во Париз, во која загинаа 130 луѓе.