Руската авијација напаѓа реони во Сирија

Руската авијација напаѓа реони во Сирија
Руската авијација напаѓа реони во Сирија

Руската авијација изврши напад во реони, контролирани од сириски бунтовници во провинцијата Латакија.

Бомбардирањето е извршено во близина на местото, каде вчера руски воен авион Су-24 беше соборен од турски авиони-ловци.

Најмалку 12 воздушни напади се извршени во северните делови на Латакија, во момент кога сириските безбедносни сили се борат со припадници на групата „Џебхад ал Нусра“ и со туркменистански бунтовници во планинските реони Џабал Акрад и Џабал Туркман.

Командант на туркменистанските бунтовници истакна дека ракети биле истрелани од руски воени бродови во Средоземно Море и погодиле цели во реонот. Имало и силен артилериски напад.

Хасан Хаџ Али, лидер на сириската бунтовничка група Лива Шукур ал Џабал, која дејствува во западниот дел на Сирија, потврди дека се води жестока борба во реонот.

Истовремено, САД и нивните сојузници извршиле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија.