Последната фотографија на Тесла: Заборавен и сиромашен

Луѓето се сеќаваат на Никола Тесла како млад научник со густа црна коса и мустаќи. Меѓутоа, неговата последна фотографија го прикажува во нешто поинакво светло.

Во својот живот, Тесла имал голем број изуми и патенти, но смртта ја дочекал во големи долгови. Финансиските проблеми оставиле голема трага на генијалецот, а тоа може да се види и на фотографиите кои се направени пред крајот нанеговиот живот.

Тесла почнал на 7 јануари, 1943 година, од срцев удар. Имал 87 години.
никола

По неговата смрт, ковчезите во кои се наоѓаат неговите документи, дипломи,лабораториски белешки се запечатени. Некое време биле во сопственост на негов роднина и единствен наследник, Саво Косановиќ. Тој подоцна своето наследство го подарил на Градот Белград, за музејот посветен на Тесла.

Наспроти стотина изуми, најголем дел од електротехниката, 112 пријавени птенти во САД и исто толку во други земји, Тесла починал во долгови.

Тогашниот градоначалник на Њујорк, Фјорело Лагвардија, при збогувањето со големиот научник кажал: „Никола Тесла почина сиромашен. А, беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Тоа што го создаде е големо, а како што ќе одминува времето, ќе стане уште поголемо“.

ова