Габриел: На Блискиот исток постои само еден непредвидлив актер, тоа е Турција

Габриел: На Блискиот исток постои само еден непредвидлив актер, тоа е Турција
Габриел: На Блискиот исток постои само еден непредвидлив актер, тоа е Турција

Заменикот на Ангела Меркел изјавил дека на Блискиот исток постои само еден непредвидлив актер, а тоа е Турција а не Русија.

Овој инцидент покажува, врз темел на изјавите кои пристигнуваат од другите земји од регионот, дека во овој регион постои непредвидлив актер, а тоа е Турција, а не Русија, изјавил Зигмар Габриел во разговор за германскиот весник “Der Spiegel”.

Тој појаснил дека Турција игра „тешка улога“ во сирискиот конфликт, а се поголем број на високи европски функционери за инцидентот кој се случи во вторникот ја обвинуваат Турција.

Од друга страна пак многумина ја посочуваат Турција како најголем купувач на нафтата на џихадистите од Исламска држава, што би требало да значи дека најголемите приходи на озлогласената ИСИС доаѓаат токму од Турција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.