Кремљ: Ердоган бара состанок со Путин

Кремљ денеска соопшти дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин, во Париз на 30 номеври.

– Предлогот на турската страна за состанокот на ниво на шефови на државите е упатен до претседателот, тоа е се што можам да кажам, изјави потпаролот на Кремљ за медиумите.

Путин и Ердоган, како штo е најавено, ќе присуствуваат на глобалниот самит за климатски промени во Париз, кој ќе започне на 30 ноември, наведуваат медиумите.