Денеска истекува рокот за постигнување договор за медумите

Преставниците на политичките партии денеска имаат нова средба на работната група на која  се дискутира за реформите во медиумите што произлегуваат од договорот од Пржино.
Инаку, денеска е краен рок за постигнување договор меѓу партиите по однос на медиумите и пакетот закони со кој ќе бидат опфатени.
На денешниот состанок се очекува Ванхауте да предложи предлог законските решенија околу кои ќе дискутираат партиските преставници. Треба да се договорат реформи во МРТ, Агенцијата за медиуми, МИА и измени на Законот за медиуми.
Преку соопштение, од канцеларијата на олеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте, посочуваат дека постои прогрес во преговорите за медиуми.

„Политичките партии ги земаат во предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни. Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.