Трагедија: Во САД убиен поранешен светски шампион во бокс

Бел, кој беше роден во Јамајка и дури 13 години беше шампион во категориите ИФБ, ВБЦ и ВБА излегувал од автобус и налетал на престрелка.

Тој бил погоден од неколку куршуми и починал на лице место.

Во кариерата Бел имаше вкупно 27 победи (25 нокаута) и четири порази. Тој ја заврши професионалната кариера во 2011 година по триумфот над Рик Карсон.