„Курир“до СДСМ: Дали Кирацовски е прогласен за виновен за учество во тепачка?

СДСМ и дополнителниот министер за адмнистрација и информатичко општество Александар Кирацовски молчат дали постои пресуда според која Кирацовски во Основниот суд Битола во 2001 година е прогласен за виновен за кривично дело „тешка телесна повреда“. Кирацовски вчера излезе со демант, но не одговори на прашањата дали пресудата до која дојде Курир не е точна и дали не е точно дека е прогласен за виновен?, пишува порталот „Курир“.

На обвинетиот Александар Кирацовски му се утврдува казна затвор во времетраење од 3 месеци, која нема да ја издржува ако за време од една година не стори ново кривично дело. Ова е пресудата против новиот дополнителен министер за администрација и информатичко општество, според која тој е прогласен за виновен.

Откако Курир вчера ја објави пресудата со своја реакција во јавноста се јави Кирацовски, според кого написот на „Курир“. Тој се базира на објавената пресуда бил “груба лага и тешка клевета“ и се заканува дека доколку не добиел извинување, тогаш  ќе поднесел тужба против Курир и против сите други медиуми кои ја презеле веста.

портлот прашува зошто СДСМ молчи дали постои ваква пресуда или не? Дали не е точно дека Кирацовски е прогласен за виновен за учество во тепачка и осуден на 3 месеци затвор со услов да не направи ново дело во наредната година? Кој е Кирацовски што е прогласен за виновен во пресудата?

Нема одговор ниту на прашањата дали не е точно дека во инцидентот на едно лице му се нанесени тешки телесни повреди со убоди со нож, дали во пресудата судот лажел дека освен Кирацовски учествувале и други лица,  дали Кирацовски не бил задолжен како виновен да ги плати и судските трошоци?

Кирацовски во вчерашниот демант вели дека спасил двајца другари повредени од насилници. Ако тоа е вистина, тогаш како е можно Кирацовски да биде прогласен за виновен и според пресудата да му се утврди казна затвор во времетраење од 3 месеци, која нема да ја издржува ако за време од една година не стори ново кривично дело.

Јавноста не памети случај во кој некој бил осуден само поради тоа што спасил некого, како што тврди Кирацовски. Зошто не се осудени пожарникар кој спасил живот, полицаец што спасил живот, момчето кое пред некое време спаси жена од давење во Вардар, туку е осуден само Кирацовски за неговиот “херојски подвиг“?

Ова е пресудата:

presuda-prva11111

presuda-vtora

presuda-treta

presuda-cetvrta

presuda-5

presuda-sest

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.