Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени

Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени
Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени

Maкедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Според последните податоци на европската статистичка служба, Еуростат, земјава во третиот квартал од 2015 година имала државен долг од 36% од БДП.

-Само што СДСМ тргна со кампања вели дека ние сме ја презадолжиле државата, а истовремено телото за статистика на ЕУ (Еуростат) излезе со податок дека Македонија е 4-та најниско задолжена држава во Европа, подвлече денеска премиерот Никола Груевски откако присуствуваше на пуштање во употреба на нов апарат за компјутерска томографија.

-Тоа секако не кореспондира со  бројките и со обидите на СДСМ да го дискредитира нашето работење и да не прикаже како Влада која што премногу ја задолжила државата. Телото на Европската комисија бидете сигурни дека има многу подобри податоци од оние кои СДСМ ги лиферува во јавноста и што ги користи во своја предизборна кампања. Она што е исто така важно е дека и во однос на крајот на минатата година, последниот квартал, односно декември 2014, имаме намалување за околу 2,2% на заложувањето кое што сега изнесува околу 36%, истакна премиерот.