МАН до медиумите: Црни насловни во знак на протест против фашизмот од СДСМ

МАН до медиумите: Црни насловни во знак на протест против фашизмот од СДСМ

Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска соопшти свои предлози за преговорите од областа на медиумите кои ги водат четирите политички партии.

МАН предлага работата со Агенцијата за медиуми да ја водат непартиски лица. Претседател на институцијата да може да биде само лице кое заеднички би го предложиле двете новинарски асоцијации МАН и ЗНМ, а никако политичка партија, без разлика за која партија станува збор.

Во работата на Агенцијата за медиуми, како и во органите на јавниот сервис, смета МАН, треба да бидат првенствено и доминантно вклучени двете новинарски здруженија кои ќе предлагаат најмалку половина од членовите на Советот на МРТ и на Агенцијата за медиуми, а потоа во составот на овие тела да бидат вклучени стручни претставници на јавниот сектор како од македонскиот, албанскиот и турскиот театар, Адвокатската комора, претставници на МПЦ и Исламската верска заедница, универзитети, Заедницата на локална самоуправа и на МАНУ. Тоа обезбедува широка јавна контрола врз работата на медиумите.

МАН предлага со закон да се забрани какво било вплеткување на партиите во составот и работата на Агенцијата за медиуми и Програмскиот совет на МРТ, да се забрани членство за било кој партиски функционер, како и на партиите да предлагаат членови во тие институции.

МАН апелира медиумите, поточно печатените медиуми насловната една третина да ја објавуваат црна  со што ќе се изрази протест од фашизмот од СДСМ кон медиумската област, a телевизиите и радијата во 15 секунди да објават еден вид спот (телевизиите на црна позадина) во кој ќе се изрази  кон оваа област, стои во соопштението на МАН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.