Катастарот, утре и в понеделник следната недела (7 декември), нема да прима барања поради надградба на електронскиот систем. Исто така нема да се издаваат податоци преку електронскиот шалтер, шалтерите во скопскиот Центар за катастар на недвижност и во одделенијата за катастар на недвижности низ државата.
Агенцијата за катастар на недвижности, следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии, денеска соопшти дека ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата.
– По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.