Сириската војска го опколи градот Салма, терористите во паника (ВИДЕО)

Сириската војска го опколи градот Салма, терористите во паника (ВИДЕО)
Сириската војска го опколи градот Салма, терористите во паника (ВИДЕО)

Сириската војска соопштила дека го опколила градот Салма на северозападот на Сирија во кој останале околу 2.000 терористи, додека останатите се убиени или се повлекле. Пред почетокот на офанзивата на сириската војска во овој дел на земјата се наоѓале околу 10.000 терористи, додека сега останале нешто повеќе од 2.000.

– Го опколивме градот кој е од стратешка важност, а ја заземавме и висорамнината во близина на Салма, изјавил изворот, а пренесува Спутник.

Салма е стратешки град на северозападот на Сирија во провинцијата Латакија. Од тој град води магистрален пат до турската граница.

Во овој дел на Сирија турскиот ловец ф-16 го собори рускиот бомбардер Су-24, а тука се ранети и тројца руски новинари.