Хуманитарна акција за децата во згрижувачки семејства

Хуманитарна акција за децата во згрижувачки семејства
Хуманитарна акција за децата во згрижувачки семејства
Децата сместени во згрижувачки семејства денеска ќе ги искажат своите новогодишни желби. Ливчињата со желби во форма на лампиони ќе бидат прикачени на новогодишната елка поставена во Рамстор.
По прикачувањето на лампионите сите посетители ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација.
Акцијата трае до 29-ти овој месец, а подароците ќе бидат доделени на 30 декември.