Богдановиќ освен за кафеани, народните пари ги троши и за приватни патувања!

Богдановиќ освен за кафеани, народните пари ги троши и за приватни патувања!
Богдановиќ освен за кафеани, народните пари ги троши и за приватни патувања!

Скандалите врзани со работењето на Саша Богдановиќ, првиот човек на Паркинзи Центар и на Општинската Организација на СДСМ не престануваат.

Журнал.нет објави документ според кој Паркинзи Центар плаќале и зелени картони за приватни возила, а за тоа говори фактурата платена од ПОЦ во износ од 5.536 денари за возило со скопски регистарски таблички кое не е во државна ниту било каква институционална сопственост туку е регистрирано на приватно лице, извесен Дехран Салихи од Шуто Оризари.

Faktura-POC

Ова е скандалазно особено ако се знае дека со пари на граѓаните се финансира патување на приватни лица. Непознато е дали ова е единствено вакво финансирање и зошто Богдановиќ финансира приватни патувања во странство и тоа во период кој се поклопува со годишните одмори односно месец јули кога е екот на летната сезона.

Богдановиќ во последниов период се соочува со скандали кои дирекно укажуват ма тоа дека од касата на ПОЦ со народни пари тој плаќал угостителски услуги на кафаната „Три Аса“ во висина од повеќе десетици илјади денари, односно неверојатни 23.736 денари легнале на сметката на кафаната чиј сопственик е близок до СДСМ.

Faktura-POC-Tri-Asa

Богдановиќ познат како Српче вчера во изјава ја призна праксата на плакање на угостителски услуги со народни пари.

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар истакнуваат дека ова е пример за расипничко и недомаќинско работење кое отвора сомнеж и за криминално делување, пишува „Журнал.нет“.

-Партизирањето на институцијата и нејзино инструментализирање за задоволување на личните интереси и интересите на СДСМ станува заштитен знак на институциите на Опстина Центар кои наместо да бидат во служба на граѓаните тие се узурпирани и киднапирани од граѓаните, потенцираат од Опстинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Од СДСМ има молк за ваквите скандали во кој е вмешан Богдановиќ, кој дознаваме дека на последната седница на Совет бил прилично нервозен поради тоа што јавноста дознала за неговите скандали, наведува порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.