4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Српски неделник: Продавачи на скапа магла го советуваат Заев

За Заев ДИК е демократска независна институција на која и се радуваме сите, но сега ќе ги бојкотира изборите
За Заев ДИК е демократска независна институција на која и се радуваме сите, но сега ќе ги бојкотира изборите

Оваа ПР агенција (Ruskin&Hunt), чии сопственици се Милјан Шќекиќ и Иван Бендер, денес е главен продавач на скапа магла во Македонија, а нив таму ги ангажирал водечкиот опозициски лидер Зоран Заев од СДСМ, пишува српскиот неделник „Афера“, пренесува Телеграф.мк.

afera-01-640x422

Продавачи на скапа магла е еден од насловите кои за Пи-ар агенцијата „Рускин и Хант“ (Ruskin&Hunt) кој се појави во српските медиуми. Неделникот „Афера“ излезе со текст кој го наслови „’РУСКИН И ХАНТ’ ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА: Земаат пари, а се повикуваат на Вучиќ“.

 Во текстот се наведува дека главните луѓе на оваа ПР агенција го убедиле лидерот на опозицијата во Македонија, Зоран Заев, дека наводно благодарение на нив Александар Вучиќ, актуелниот српски премиер, ја освоил власта во Србија.

Повикувајќи се на податоци од српската Агенција за борба против корупцијата,српскиот неделник пишува дека „оваа ПР агенција, чии сопственици се Милјан Шќекиќ и Иван Бендер, денес е главен продавач на скапа магла во Македонија, а нив таму ги ангажирал водечкиот опозициски лидер Зоран Заев од СДСМ“.

Оваа агенција денес склучува милионски договори со разни невладини организации, а главната препорака која самите на себе си ја даваат е дека ја работеле кампањата на Александар Вучиќ и на Српската напредна партија“, пишува „Афера“ кој во текстот се повикува на извор од СНС (Српска народна странка).

Изворот додал:

„Во нашата победничка кампања оваа агенција беше 17. подизведувач на услугите и на нив им е познато дека и во Србија склучуваат многу ’тешки’ договори со разни фирми, повикувајќи се на првиот човек, Вучиќ. Вистината е дека Милјан Сќекиќ работеше кампања за ДСС и НС за Косово, за која зема речиси осум милиони динари. Подоцна беше советник на Маја Гојковиќ, додека таа беше градоначалничка на Нови Сад… Српската напредна странка апелира до граѓаните да ги проверат информациите пред да се потпрат на оние кои земаат големи пари така што лажно се повикуваат на Вучиќ“, објавува неделникот „Афера“.

afera-03-600x800

Неодамна и неделникот „Република“ објави сознанија дека „белградска врска“ го советува лидерот на СДСМ. Како што пишуваше „Република“, повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓале во штабот на СДСМ на средба со раководството. Тие биле „белградската врска“ која на СДСМ и Заев им нуделе помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување. Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер, пишуваше „Република“.

Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, како штообјави „Република“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.

zaev

Како што објасни порталот, Милјан Шчекиќ и Иван Беднер во 2009 година ја отвориле агенцијата „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт), агенција за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност. Двајцата имаат богато „портфолио“. Бендер бил советник на ОБСЕ во Србија и во Црна Гора, а претходно од 2000 до 2002 година бил шеф на Кабинетот на потпретседателот на српската влада. Шчекиќ, пак, од 2005 до 2011 година е сопственик на фамозната агенција „Артс енд крафтс“ која, српските медиуми ја врзуваа во корупцискиот скандал за извлекување на државни пари за кампањи