„Амнести интернешнал“: Бегалците во Турција се злоставувани

„Амнести интернешнал“: Бегалците во Турција се злоставувани
„Амнести интернешнал“: Бегалците во Турција се злоставувани

Невладината организација „Амнести интернешнал“ објави извештај во кој тврди дека Турција бегалците и оне што бараат азил ги транспортира во притворни центри каде што некои од нив биле злоставувани и присилувани да се вратат во Сирија и Ирак.

Како што се прецизира во извештајот на оваа организација, злоставувањето се вршело „паралелно“ со преговорите за миграциите меѓу Турциј и ЕУ.

„Амнести интернешнал“ исто така предупреди дека ЕУ ризикува да биде „соучесник во сериозни кршења на човековите права“.

Во Турција доаѓа најголем број бегалци, од кои 2,2 милиони се од Сирија.

Турција и ЕУ неодамна постигнаа договор за намалување на приливот мигранти во Европа, со што е предвидено ЕУ да обезбеди 3 милијарди евра помош за да се подобрат условите за бегалците во Турција.