Tри тони кокаин откриени кај Галапагос

Властите на Колумбија и Еквадор запленија во водите на Тихиот Океан брод-подморница што превезувал три метрички тони кокаин (околу 2.722 килограми) и приведоа тричлен екипаж.

Акцијата во која учествуваа поморските сили на двете земји, со поддршка на воздухопловството на САД, е завршена вчера на 320 км од островот Галапагос, по четиридневна потера по бродот.

Властите на латиноамериканските држави од 1993 година неутрализирале околу сто бродови-подморници, кои нарко-картелите ги користат за да транспортираат кокаин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.