Слушнете ја новата песна на Нокаут (ВИДЕО)

Слушнете ја новата песна на Нокаут
Слушнете ја новата песна на Нокаут
Само еден ден пред концертот во арена „Борис Трајковски“, групата Нокаут промовираат нов сингл, „Радувај се со мене”.Автор на музиката е фронтменот на бендот, Никола Перевски-Пере, текстот е на Владимир Поп-Христов Мио, а аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.

Овој сингл е најава за новиот албум, кој Нокаут планираат да го издадат во текот на следната, 2016 година.

Воедно е еден вид на покана за концертот кој ќе се одржи на 24 декември во СЦ Борис Трајковски со почеток во 21 часот.