Американците откриваат: Србија лежи на злато

Американците откриваат: Србија лежи на злато
Американците откриваат: Србија лежи на злато

Во реонот „Чукару пеки“, кај Бор, пронајдени се нови лежишта на бакар и злато.

Новите лежишта ги пронашла американската корпорација „Friport Mekmoran“  во соработка со канадската компанија „Reservoar minerals“, пишува „Вечерње новости“.

Како што се наведува, откриен е слој на руда со дебелина од 186 сантиметри, која содржи бакар 8,02 отсто  и злато од 4,44 грама по тон, додека во друг слој со дебелина од 131 метар, откриен е ресурс од 10,03 отсто црвено и 5,45 грама по тон благороден метал.

Претставници на „Friport“ процениле дека инвестицијата на отворање рудник на бакар и злато во околината на Бор, се движи во распон од неколку стотина милиони до пет милијарди долари.

Сепак, потребни се бројни геолошки истржувања за да се донесе одлука за реализација на ваков проект, пишуваат српските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.